Нури Шахин ќе се прости со навивачите од Дортмунд

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, а сега на Вердер, турскиот плејмејкер Нури Шахин, утре за последен пат ќе игра на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, стадионот на кој имаше 11 успешни сезони како член на „милионерите“.

Шахин кој има 30 години, првпат во кариерата ќе има бундеслигашки меч против Борусија, и ќе добие овации од 80.000 фанови на „жолто-црните“. Нури со 17 години и 81 ден, беше и најмладиот стрелец во историјата на Бундеслигата.

„Нури заслужи да добие признание. Тој низ годините како наш член, има дадено огромен придонес за Борусија. Ќе ја искористиме можноста официјално да се простиме со него. Тој секогаш ќе биде дел од клубот и историјата на Борусија“ – вели спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.

Извршниот директор Јоаким Вацке, додаде дека на Шахин му посакуваат среќа во Вердер и порачаа дека вратите на Борусија Дортмунд секогаш ќе бидат отворени за него.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести