ОАЕ првпат ја победи Австралија (Видео)

Репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати ќе игра против Катар во второто полуфинале на Азискиот куп, откако домашните ја совладаа Австралија со 1:0.

Стрелец на погодокот беше Али Ахмед Мабхут кој ја искористи грешката на фудбалерот на Црвена ѕвезда, Милош Дегенек, го мина голманот Рајан и не му беше тешко топката да ја спроведе во празниот гол. Тоа се случи во 68. минута.

Селектор на ОАЕ е италијанскиот стручњак Алберто Ѕакерони, кој е првиот на кого му успеа на клупата на пваа селекција да го совлада „кенгурите“. За стрелецот Мабхут, ова беше четврти гол на првенството. Во другото полуфинале играат Јапонија и Иран.

- Оглас -

Најнови вести