Објавени почетните состави, сега или никогаш за Динамо Киев против Барса!

Динамо Киев 23 години не знае за победа над Барселона, но вечерва има прилика да го разбие малерот бидејќи противникот е драстично ослабен. Кај Барса ќе ги нема Лионел Меси, Жарарт Пике, Сержи Роберто, Серхио Бускетс, Френки де Јонг, Ансу Фати и Самуел Умтити, тимот ќе биде ослабен на повеќе позиции и затоа Украинците предводени од тренерот Мирчеа Луческу имаат прилика да освојат три бода.

Барса и вака некомплетна е фаворит на хартија, но ако верувате во изненадување, може и да заработите убави пари ако се обложите во Sport Life.

Барселона во Киев од 21 часот ќе истрча со Тер Штеген, Дест, Мингуеса, Легле, Жуниор Фирпо, Алења, Пјаниќ, Тринкао, Кутињо, Педри и Брајтвајт. Од ѕвездите, на клупа се Алба, Дембеле и Гриезман.

- Оглас -

Најнови вести