Обложувалниците не веруваат во победа на Македонија, но традицијата вели поинаку

Една победа и пораз за Македонија по првите две кола на ракометното Европско првенство. Следува дуелот против Австрија, кој ќе решава за место во главната групна фаза на континенталното натпреварување. Калкулации има повеќе, но една е најсигурна. Македонија треба да победи со два разлика против домаќинот и во тој случај нема да зависи од никој друг резултат.

Сепак, според коефициентите во Sport Life, Македонија првпат ќе ја има улогата на аутсајдер. Победа на Македонија е со коефициент 3,00 додека за триумф на домаќинот коефициентот е 1,55. Ремито е 9 коефициент, а тоа евентуално нерешено во една опција може да биде и „златно“ за Македонија.

Македонија против Австрија досега има одиграно четири меча и е со позитивен биланс. Нашите ракометари се радувале трипати, а само еднаш загубиле, но тој пораз е токму на дуел во Виена.

 

- Оглас -

Најнови вести