Очекувана одлука – Евертон му даде отказ на Рафаел Бенитес

Рафаел Бенитес доби отказ во Евертон по серијата неуспеси на популарните Карамели во Премиерлигата.

Од клубот со кусо соопштение објавија дека се разделија со познатиот тренер.

„Евертон може да потврди дека ја прекинува соработката со Рафаел Бенитес. Тренерот што го предводеше тимот од јуни 2021 година веднаш си заминува од Евертон“, објави премиерлигашот.

По 19 одиграни натпревари Евертон е на 16. место во Премиерлигата со 16 бода, а е во серија од четири меча без победа.

Клучен момент за отказот на Бенитес е вчерашниот пораз на Евертон од Норич, екипа која пред стартот на мечот беше последнопласирана на табелата во англиското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести