Очекувано: Халанд е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата!

Во првата сезона откако дојде во англиската Премиер лига, голгетерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер во сезоната. Халанд беше вистински лидер на теренот за Граѓаните постигнувајќи дури 36 голови, а имаше и осум асистенции.

„Кога дојдов во Манчестер сити, очекував да постигнаувм голови, но не толку многу. Сити е тим кој игра офанзивно, минатата сезона постигна преку 100 голови, па кога потпишав тука, мојата мисија беше јасна, а тоа е да давам голови. Сепак, не верував дека ќе бидам толку ефикасен. секако дека сум задоволен“, вели Халанд, кој во сите наптреварувања сезонава одигра 51 меч и постигна 52 голови.

Халанд сезонава сруши неколку рекорди во Англија, а еден од рекордите е и бројот на постигнати голови во една сезона. досега рекордот го држеа Алан Ширер и Енди Кол кои во една сезона завршувале со 34 голови и тоа во 42 кола, додека Халанд стигна до 36 погодоци во 38 кола.

- Оглас -

Најнови вести