Очекувано, Војдан Стојановски е МВП на финалната серија

МЗТ Скопје по јубилеен десетти пат ја освои шампионската титула откако во финалната серија со чисти 3-0 во победи го совлада Пелистер, во реприза од минатогодишното финале.

Признанието за МВП на финалната серија, созема заслужено замина во рацете на Војдан Стојановски.

Војдан во третиот меч беше убедливо најдобар кошаркар со 33 постигнати поени, а ја предводеше листата на најдобри стрелци и во вториот меч. Во втората победа на МЗТ Скопје над Пелистер од 75:67, Војдан Стојановски постигна 23 поени.
Во првиот меч во кој беше остварена најубедлива победа (84:64), Војдан постигна 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести