Од 2006 година шпанското првенство не памти ваков пласман на табелата

Првпат по 2006 година, Реал Мадрид или Барселона не се на чело во шпанската Примера за време на католичкиот Божиќ. Доминацијата која траеше цели 14 години, ја прекина Атлетико Мадрид, кој моментно е лидер во шампионатот. Јорганџиите имаат 32 бода, исто колку што има и второпласираниот Реал, но Атлетико е тимот кој има подобра гол-разлика, но и два меча помалку од градскиот ривал.

Атлетико сезонава потсетува на игрите од сезоната 2013/14, кога стана и првак на Шпанија. Тимот на Диего Симеоне во 13 лигашки дуели има 10 победи, две нерешени и само еден пораз. Во просек Атлетико дава по два гола на меч, а вкупно прими само пет погодоци, потврдувајќи дека ја има најдобрата одбрана во лигата.

Во време на доминација на Реал и Барселона, Атлетико може да се пофали дека во последниве деценија и пол е единствениот тим кој успеал да освои и титула во првенството освен двата најтрофејни клуба. Атлетико има една титула, Реал освои пет трофеи, а Барселона дури десетпати беше шампион на Шпанија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести