Од Аргентина го открија следниот клуб на Меси

Газдите на Пари Сен Жермен нема да успеат да го наговорат Лионел Меси да остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона. Ова го открива познатата спортска аргентинска новинарка Вероника Брунати, која има одличен контакт со Меси.

Брунети тврди дека на 1 јули 2023 година Меси ќе биде слободен играч и дека Аргентинецот во следната сезона ќе се врати на „Камп ноу“.

Новинарката и фудбалерот долги години се познаваат и досега имаат направено неколку интересни интервјуа, па затоа и Вероника може да се смета како доверлив извор на информации за Меси.

- Оглас -

Најнови вести