Од безизлезната ситуација Ливерпул урна клупски рекорд

Безизлезната ситуација во која Ливерпул мора да одигра два натпревари во две различни првенства за помалку од 24 часа го натера европскиот првак да испише историја. Имено, тимот кој ќе се соочи со Астон вила вечерва во Карабао купот, ќе биде најмлад со кој екипата од „Енфилд“ ќе настапи во официјален меч.

Избраните 11 фудбалери кои ќе ја бранат честа на Ливерпул се со просек од 19 години, шест месеци и три дена старост. Тимот кој испиша историја се состои од играчи од резервниот тим, како и од младинскиот погон.

Сите првотимци заедно со менаџерот Јирген Клоп моментално се во Доха, каде што се подготвуваат за полуфиналната пресметка против Монтереј во Светското клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести