Од делириум до тага за 180 секунди на дербито на Тоскана (Видео)

Од делириум до тага само за 180 секунди минаа навивачите на Пиза во дербито на Тоскана против Емполи. Домашните навивачи на нозе ги крена Микеле Маркони со израмнувачки гол за 2:2 во 93-тата минута, но кога почнаа да се радуваат на освоен бод, стигна тагата и поразот од 2:3.

Давиде Фратези го имаше последниот збор на возбудливото дерби и тој погоди во 96-тата минута за триумф на гостите од Емполи со 3:2.

Погледнете како за кус период од три минути во судиското продолжение се менуваше расположението во двата табори на тосканското дерби од Серија Б во Италија.

- Оглас -

Најнови вести