Од каде ли се појави, Клиперс испиша историја благодарение на анонимус (Видео)

Теренс Ман, кошаркарот кој ЛА клиперс го избра во втората рунда на драфтот во 2019 година (48-ми пик), утрово одигра натпревар на кариерата, меч кој ќе го памети цел живот, и со своето блескаво издание на Клиперс и со 39 поени (толку кошеви не дал уште од времето кога играл за својот средношколски тим), им донесе победа над Јута џез, за прво западно финале на помалиот тим од Лос Анџелес во нивната клупска историја.

Клиперс во второто полувреме одиграа феноменално и дадоа дури 81 поен, и тоа беше клучно за нивната победа од 131-119, па со 4-2 во победи се пласираа во конференциското финале каде што ривал ќе им биде Феникс санс.

Ман кој е резервен бек на Клиперс, на првите два меча во оваа серија против Џез, имаше епизодна улога, и доби вкупно помалку од 10 минути, овојпат имаше неверојатно издание, па му помогна на Клиперс да направи голем пресврт по негативата од 22 поени разлика. Ман кој доби шанса да заигра затоа што Каваи Ленард е повреден, во третата четвртина даде 20 поени и го поттикна пресвртот.

Кај Клиперс, добри беа и Пол Џорџ со 28 и Реџи Џексон со 27 поени. ЛА Клиперс во две плејоф кола по ред успеа да слави, откако губеше со 0-2.

Филаделфија победи во Атланта со 104-99, и се избори за мајсторка на домашен терен. Проблем за Јастребите може да биде повредата на Богдан Богдановиќ, чиј настап во седмиот меч е неизвесен. Сет Кари со 24 поени беше прв стрелец на 76-ките, и успеа да ја покрие послабата игра на Ембид и Симонс.

Еве каков пречек му беше приреден на Ман во соблекувалната на Клиперс после мечот:

- Оглас -

Најнови вести