Од каква „манџа“ во романско-француската „кујна“ се плаши Италија?

Италијанците имаат многу непријатни сеќавања од ситуации кога зависеле од други дали ќе обезбедат пласман во следна фаза на некое Европско првенство, и со право се плашат од вечерашниот исход на дуелот Франција – Романија на ЕП за играчи до 21 година. Доколку Французите и Романците одиграат едно пријателско реми, Италија (домаќин на првенството) ќе оди во аут и останува без полуфинале.

И обложувалниците стравуваат дека може да заврши нерешено, па квотите за „икс“ се помали отколку за „кец“ или „двојка“, што е вистинска реткост.

Ако вечерашниот меч од 21 часот заврши нерешено, тешко ќе им биде на Романците и Французите да се одбранат од критиките дека го наместиле резултатот. Од друга страна, тие си го гледаат својот интерес, и не би бирале средства да стигнат до полуфинале на младинското ЕП.

Италија има лошо искуство, пред 15 години на сениорското ЕП, „аѕурите“ ќе одеа понатаму ако имаше победник на дуелот Данска – Шведска или ако тие одиграа со било кој нерешен резултат освен 2-2. Но, Данска и Шведска си одиграа токму 2-2, и отидоа понатаму, а Италија извиси.

Сега Италија има две опции за да оди понатаму. На нив им одговара било каква победа на Романија, или триумф на Франција со три или повеќе голови разлика. Ако заврши нерешено, или Франција победи тесно, тогаш Италија е во аут, а Французите и Романците се полуфиналисти. Разликата е што победа ја носи Франција на прво место во групата, а Романија ќе биде прва ако средбата заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести