Од кошмар со најубав сон за Манчестер јунајтед на „Театарот на соништата“

Манчестер јунајтед одигра фантастично второ полувреме, кое беше доволно да слави со 3:2 против Аталанта во меч од третото коло во Лигата на шампионите. По првото полувреме, Аталанта имаше предност од 2:0 благодарение на головите на Пашалиќ и Демирел, но Манчестер покажа дека не се предава.

Во полувремето кое можеше да значи дека ќе биде и последно за тренерот Оле Гунар Солсјкер, играчите на Манчестер јунајтед истрчаа на терен и одиграа феноменално. Маркус Рашфорд погоди во 53-тата минута и намали на 1:2, што беше најава за голем пресврт.

Во 75-тата минута, капитенот Хари Мегваер погоди за 2:2, а комплетирањето на пресвртот го направи Кристијано Роналдо. Како многу пати досега, Роналдо даде гол за победа на својот тим. Овојпат погоди со глава во 81-вата минута.

Со оваа победа Манчестер јунајтед се искачи на првото место во групата со шест бода, додека Аталанта остана на пет. Вилјареал, кој со 4:1 победи на гости кај Јанг бојс, сега има четири бода, додека швајцарскиот претставник има три бода од три кола.

- Оглас -

Најнови вести