Интересна е денешната понуда во Квотите на денот во Sport Life. Петте понудени средби како да се подредени според висината на коефициенти кои се нудат. Ќе почнеме од оној меч со најмала квота од 1.85, па потоа коефициентите растат и кулминацијата е со понуда од квота вредна 2.60.
Херенвен дома игра против Феенорд, а кога се работи за дуели од Холандија, прва асоцијација е тоа дека треба да има голови. Овие две екипи играат отворен фудбал без многу калкулации, па токму затоа играта дa има барем еден гол во прво полувреме, а на крајот да биде со 3+ е со квота од 1.85.
Во Данска, Копенхаген го пречекува Вејле и домаќините се во улога на фаворити. И тука понудата е да се одигра на погодоци, но фокусот ќе биде Копенхаген да погодува. За Т1 1+I & T1 2+ квотата е 1.95.
Манчестер јунајтед против Вест хем во ФА купот ќе бара триумф на „Олф Трафорд“ и барем да има еден гол во второто полувреме. За 1&1+второ, коефициентот е 2.05.
Арсенал против Евертон треба да покаже зошто е лидер во Премиер лигата и Топчиите треба да бидат со полна муниција за постигнување голови. Домаќините да дадат од 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме се вреднува со квота од 2.35.
Највисока квота е за дуелот Ливерпул – Вулверхемптон, каде што за 1-1&2-6 гола е со одличен коефициент од 2.60.
Доколку се решите да ги одиграте сите пет понуди од Квотите на денот, ќе добиете вкупен коефициент од 45.18.