Од МЗТ зависи дали Пелистер ќе ја прекине доминацијата на вечните ривали

Пелистер силно посакува да биде тимот што ќе ја прекине доминацијата на МЗТ и Работнички во домашниотшампионат, а токму против актулениот првак битолчани ќе мора да покажат дека се „печени“ да бидат новите владетели со македонската кошарка.

Полуфиналната серија тргнува од Грдот на конзулите, во 16 часот Пелистер и МЗТ ќе ги одмерат силите, а според понудата во Sport Life, на домаќините им припадна фаворитската улога. Квотата за „кец“ на Пелистер изнесува 1.60, додека евентуален триумф на Штрковите е 2.50 квота.

Во регуларниот дел од сезоната, двете екипи ги бранеа домашните терени во меѓусебните дуели, а интересно е што победите беа при иста разлика од минимални три поени. Пелистер славеше со 88:85, МЗТ возврати со 84:81, што наговестува неизвесна полуфинална серија во која ќе решаваат нијанси.

Два часа подоцна, односно во 18, Работнички го пречекува тимот на Еуро Никел во првиот полуфинален меч од оваа серија. На Центарци подразбирливот им припадна фаворитската улога при квота од 1.66 за „кец“.

На 28 мај се закажани вторите натпревари од полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести