Од националниот дрес вечерва се простува Пандев, но не само тој

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, сам потврди дека вечерашниот натпревар против Холандија ќе му биде последен во дресот на македонската репрезентација, но по завршувањето на настапот на Европското првенство, веројатно уште некој ќе го следи неговиот пример.

Капитенот Пандев дефинитивно ќе се повлече, а има најави дека најверојатно тоа ќе го стори и Иван Тричковски, кој ќе се фокусира само на клупската кариера.

Големи се шансите Игор Ангеловски веќе да не биде селектор, договорот му е до крајот на месецов, па неговиот наследник (како фаворит на ФФМ се спомнува Благоја Милевски) можеби ќе отпише некои од актуелните репрезентативци во кои веруваше Мрме и за уште некој од овие фудбалери веќе нема да биде во националниот тим и на нивно место ќе дојдат други.

- Оглас -

Најнови вести