Од Швајцарскиот куп доаѓа најубавиот погодок за оваа недела (видео)

Сент Гален вчера се пласира во полуфиналето од Швајцарскиот куп со победата од 2-1 на гостувањето кај Грасхоперс. Во мечот, само по пет минути игра се постигна најубавиот погодок воопшто во фудбалска Европа за оваа недела.

Гостите ја украдоа топката на околу 30-тина метри од противничкиот гол, Гилеменот убаво се снајде и го проигра Готлер, а овој од прва со волеј силно ја заби топката во мрежата на голманот Матиќ.

Овој прекрасен гол беше најава за поразот на Грасхоперс, а гостите веќе до 20-тата минута имаа двојна предност која Бонатини доцна ја намали за конечни 2-1 во корист на Сент Гален.

- Оглас -

Најнови вести