Од Сити си заминува голманот кој за шест години имаше само два настапи (Фото)

Манчестер сити и официјално му се заблагодари на соработката и на третиот голман, Скот Карслон, си ги напушта „граѓаните“ после шест сезони. Она што е интересно, Карсон во овие шест години забележа само два настапи, а освои 12 големи трофеи со Манчестер сити.

Карсон за Манчестер сити дебитираше во 2021 година во првенствен меч против Њукасл, додека вториот настап го имаше во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон.

39-годишниот голман беше миленик на сите во клубот, од фудбалерите, па се до персоналот. Сите имаа само пофалби за неговите работни навики, но и ангажманот на тренинзите, иако воопшто не добиваше шанса да брани, сепак и самиот беше свесен дека „граѓаните“ го ангажираа како голман за на тренинг.

- Оглас -

Најнови вести