Од судбината не се бега, Малком сепак ќе заврши во Рим?

Бразилското крило Малком летоска беше на прагот од Бордо да премине во Рома, но во последен момент се премисли и потпиша за Барселона, но откако виде дека конкуренцијата во Барса е пресилна за него, ќе мора да си замине и да игра како позајмен на друго место.

Според весникот „Спорт“ од Барселона, Малком до крајот на сезонава ќе настапува за најголемиот ривал на Рома, Лацио. Ова ќе биде уште една причина повеќе за фановите на „волчицата“ да го мразат уште повеќе, откако ги извиси на аеродром кога го чекаа, а тој наместо во Рим, летна за Барселона.

За Малком се интересираше кинескиот клуб Гуангџу евергранд, кој нудеше 50 милиони евра, но тој сака да игра во Европа. Малком даде гол против Интер во Милано, во меч од Лигата на шампионите и можеби почувствува дека во италијанската лига би се снашол полесно. Лацио ќе има тешки дуели со Севилја во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести