Од вечерва во Македонија нема да се гледа никаков спорт ако не е емитуван на МРТ?

Кабелските и телеком-операторите ќе прекинат со реемитување на сите домашни и странски телевизии, освен јавниот сервис (МРТ1, МРТ2 и Собранискиот канал). Оваа одлука за прекин е веќе донесена од страна на Здружението на информатичко-комуникациски технологии. Засега не се знае од кога ќе стапи на сила одлуката која ја поддржале на повеќе од 40 оператори.

Причина за ваквата екстремна одлука на кабелските и телеком-операторите е усвојувањето на измените во Законот за медиумски услуги. Измените на Законот се донесени на денот кога се распушти Собранието на Македонија, а тоа значи дека на операторите им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои ги реемитуваат, но и да бидат подложни на кривична и материјална одговорност.

Доколку ова се случи, во Македонија ќе престанат да се емитуваат сите спортски настани кои досега можевме да ги следиме само преку кабелските и телеком-операторите, како што е Лигата на шампионите. Засега неизвесно останува кога ќе стапи во сила прекинот на реемитување на програмите и дали вечерва и во следниот период ќе гледаме фудбал од најсилните лиги во Европа, но и уште многу други светски спортски настани кои не ги нуди јавниот сервис, односно МРТ1, МРТ2 и Собранискиот канал.

 

- Оглас -

Најнови вести