Од водка до отказ – Исландски репрезентативец поради проблеми со алкохол, си замина од Ростов

Рагнар Сигурдсон доби отказ во фудбалскиот клуб Ростов, објавија руските медиуми, иако од клубот велат дека си заминал на негово барање.

Сепак вистината е дека стандардниот стопер на исландската репрезентација со 94 настапи за својата земја имал големи проблеми со алкохолот. Поради пијанство, пропуштил неколку тренинзи, па во Ростов барале начин како да се ослободат од него.

Веројатно е најдено соломонско решение, но руските медиуми велат дека на Сигурдсон му е сугерирано дека нема иднина во клубот и дека треба да си замине.

Рагнар има 33 години, а во кариерата играше за познати клубови. Беше член на Гетеборг, ФК Копенхаген, Краснодар, Фулам, Рубин Казањ и Ростов.

- Оглас -

Најнови вести