Одбојкарите го победија Косово

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го совлада Косово со 3-0 во сетови. Ова беше трет триумф за македонските одбојкари во петтиот меч од Европската лига.

Нашите одбојкари одиграа доминантен натпревар и уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра, не дозволувајќи му на домаќинот да се надева на позитивен резултат.

​Македонија започна моќно и експресно го реши првиот сет во своја корист. Домаќинот беше оставен на минимални шанси, а високата разлика ја покажа разликата во квалитет.

Во вториот сет Косово покажа нешто поголем отпор и се обиде да парира, но „спартанците“ одиграа рутински и сигурно, славејќи со 25-19 за водство од 2-0.

Најдраматично беше во третиот сет, каде гостинската селекција имаше предност во поголемиот дел од времето. Сепак, Македонија со фантастичен пресврт во самиот финиш покажа карактер и квалитет, го доби сетот на разлика (27-25) за конечни 3-0.

Како и обично, најпрецизен во македонскиот табор беше капитенот Никола Ѓоргиев, кој го предводеше тимот со 15 освоени поени.

- Оглас -

Најнови вести