Одбојкарите со пораз од Израел го завршија настапот во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од Израел го заврши настапот во овогодинешното издание на Европската лига. Нашите одбојкари на турнирот во Приштина го доживеаја и третиот максимален пораз и на финалното рангирање ќе бидат во втората половина од вкупно 27 селекции.

Првите два сета на денешниот меч му припаднаа на Израел со идентични 25-19, додека во третиот сет неизвесност имаше само во почетната фаза, а потоа противникот се одлепи и успеа да го освои сетот со 25-14 за максимални 3-0.

Со оглед дека ЦЕВ ги укина регуларните квалификации, пласманот на Европското првенство 2028 година го обезбедија најдобрите четири селекции од Европската лига, а Македонија шанса за нов пласман на континентален собир ќе има следната година.

- Оглас -

Најнови вести