Одбојкарките и третпат поразени со максимален резултат во Европската лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија по поразите од Португалија и Унгарија, вечерва загуби и од Шпанија со максимални 3-0.

Шпанија воедно е и организатор на вториот турнир од Европската лига во женска конкуренција, па со победата од 3-0 само ја оправда фаворитската улога.

Македонија го загуби првиот сет со 25-11, а Шпанките беа уште поубедливи во вториот, кој го добија со 25-6. Во третиот сет освоивме најмногу поени – 15.

По три кола, Македонија нема освоено ниту бод, ниту сет, а шанса за прва победа ќе имаме веќе утре, бидејќи за противник го имаме Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести