Борбата за титулата во првенството на Шкотска се вжештува откако Хартс вчера загуби, а Глазгов ренџерс вечерва славеше со 5-1 над Килмарнок на домашен терен.
Стрелец на вториот гол за Ренџерс беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 58-мата минута, и тоа со удар од 20-тина метри.
Разликата меѓу Хартс и Глазгов ренџерс сега е три бода.
Мечот против Килмарнок беше 30-ти за Бојан Миовски во дресот на Ренџерс, а го постигна осмиот гол, трет во Премиер лигата на Шкотска.

