Одличен камбек на фудбалот во Германија: Четири меча, 12 гола

Фудбалот во Германија и официјално се врати со четирите средби од 26-тото коло во Цвајта кои започнаа во 13 часот. Дуелите најавија возбудливо продолжение на сезоната, а исходите ќе треба да се пресликаат подоцна во мечевите од Бундеслигата.

Со вкупно 12 погодоци на четирите меча може да се каже дека почетокот е ефикасен и треба да се продолжи со такво темпо.

Бохум со убедливи 3-0 славеше против Хајденхајм, Езгебирге беше сигурен со конечни 3-1 над Сандхаусен. Победа запиша и третиот домаќин Карлсруе, со минималните 1-0 над Дармштад, додека Јан Регенсбург во судиското надополнување избегна пораз од Кил на домашен терен при конечни 2-2.

Во 15.30 часот започнуваат пет натпревари во Бундеслигата од 26-тото коло, со главното збиднување на „Вестфален“ во дербито меѓу Дортмунд и Шалке. Останатите средби се Аугзбург – Волфсбург, Фортуна Д. – Падерборн, Лајпциг – Фрајбург и Хофенхајм – Херта. За 18.30 часот е закажан дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах.

- Оглас -

Најнови вести