Одличен старт и лош финиш за Леванте и Барди, Трајковски не беше ниту на клупа кај Мајорка

Енис Барди играше од 63. минута за Леванте во првиот меч за тимот од Валенсија во Ла Лига и што заврши нерешено, 1:1 на гостувањето кај Кадис.

Барди беше резерва и одигра половина час како замена за Роџер Марти. Гостите поведоа со голот на капитенот Хозе Моралес во 39. минута, но примија погодок во последните мигови од мечот и испуштија чиста победа. Голот за 1:1 го даде Еспино во 97. минута.

Моралес, или популарниот „Ел команданте“ го постигна 50-от гол во кариерата во Ла Лига и е најефикасен играч во историјата на Леванте, кога станува збор за прволигашки натпревари.

Зад него е Роџер Марти со 49, а трет е нашиот репрезентативец. Барди има постигнато 20 гола во Ла Лига и е во Топ-3 во историјата на клубот од Леванте.

https://twitter.com/OptaJose/status/1426612940225060866?s=20

 

Мајорка го прослави кам-бекот во Ла Лига со реми против Бетис на домашен терен. Домаќините поведоа со голот на Оливан во 25. минута, а израмни Хаунми во 59. минута за конечни 1:1.

За Мајорка не настапи Александар Трајковски, кој не беше во составот на новиот прволигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести