3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Одлична вест за Алкалоид и репрезентацијата, Марко Митев заигра по пауза од 8 месеци!

Алкалоид ја победи Струга со 44-27, а Вардар 1961 славеше против Тинекс Пролет со 36-27, па двете непоразени и водечки екипи се загреаја за дербито в недела, кога меѓу себе ќе си ги одмерат силите во „Јане Сандански“.

Вест на денот е камбекот на Марко Митев на ракометните терени.

Митев се повреди во март играјќи за репрезентацијата и убаво е што повторно е таму каде што треба, на терен. Митев вечерва даде два гола. Ќе има два месеца да влезе во ритам и да биде во посакуваната форма за Европското првенство. Тој е многу важен играч во Алкалоид и во македонската репрезентација, па неговото враќање е добра вест за сите вистински љубители на спортот.

 

- Оглас -

Најнови вести