Одлични квоти за отворањето на колото во македонската прва лига

Бидејќи в недела има локални избори, речиси сите натпревари од 10-тото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се играат утре, а колото стартува денеска, во 14 часот, кога својот меч на Арената „Тодор Проески“ ќе го почнат Работнички и Скопје. Според квотите во Sport Life, фаворити на хартија се дебармаалци, за нивна победа коефициентот е 1.72, додека за триумф на гостите од Автокоманда, квотата е 4.75.

По девет рунди, Работнички е четврти на табелата со 15 бода, додека Скопје е деветти со 9 бода. Работнички во претходните две кола немаше победа, а Скопје во претходните две кола немаше пораз, па затоа и не е толку мала квотата за триумф на домашните.

- Оглас -

Најнови вести