Одложен дуелот Тотенхем – Фулам!

Натпреварот меѓу Тотенхем и Фулам од 16-тото коло кој требаше да се одигра вечерва во 19 часот, дефинитивно е одложен поради повеќе активни случаи на корона-вирус во клубовите.

Ова е веќе втор натпревар во Премиер лигата кој се одложува поради ковид-19 во изминативе три дена, откако Еверон и Манчестер сити не излегоа на теренот на „Гудисон парк“, поради што во редовите на Граѓаните има повеќе заразени, меѓу кои се и фудбалерите Вокер и Жезус.

Претходно Њукасл и Астон вила не го одиграа предвидениот меч поради исти причини на почетокот од декември, но и покрај зголемувањето на заразени во Премиер лигата, раководството на англискиот шампионат не размислува привремено да го прекине натпреварувањето.

- Оглас -

Најнови вести