Одложен натпревар во Англија поради бизарна причина, нема топла вода

Натпреварот од англиската национална лига – Север, меѓу Саутпорт и Спенимур е одложен поради бизарна причина, во соблекувалните нема топла вода бидејќи болјерот бил во дефект.

„Поради дефект на бојлерот, во соблекувалните нема топла вода и поради тоа немавме избор. Ја известивме Националната лига, како и нашиот противнк дека вечерашниот натпревар мора да биде одложен“, соопшти Саутпорт.

Натпреварот требаше да започне во 20.45, но Националната лига го дозволи одложувањето.

Саутпорт се наоѓа на 13-тата позиција со 41 освоен бод, додека Спенимур има еден бод повеќе и е 12-ти на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести