Одложен уште еден натпревар во Премиер лигата

Дуелот Барнли – Фулам кој беше закажан за утре во 13 часот е одложен поради што во редовите на Фулам утринава се појавија нови позитивни случаи на корона-вирусот.

Фулам втор меч во низа нема да игра откако пред неколку дена се одложи пресметката против Тотенхем поради исти причини. Ова е трет натпревар од англиското првенство кој се одложува во изминативе десетина дена.

Одложувањето е најреална опција со цел да се спречи ширењето на корона-вирусот кој повторно прави хаос во Анхлија.

- Оглас -

Најнови вести