Одморот добро им дојде: од петте најефикасни во 2023 година, четворица не играа СП во Катар

Светското првенство во Катар зеде данок кај многу фудбалери, но има и такви кои играат подобро сега отколку пред Мундијалот кој се одигра во доцна есен и почеток на зимата и донесе прекин во клупската сезона.

Според податоците за Топ 5 лигите во Европа, во 2023 година, од играчите кои се таму, најефикасните годинава не играа на СП од разни причини.

Доколку се земат во предвид головите кои фудбалерите ги постигнаа досега во календарската 2023 година, во сите официјални клупски натпреварувања, најефикасни се Ерлинг Халанд од Манчестер сити со 24, Карим Бензема од Реал Мадрид со 21, а Александре Лаказет од Лион, Виктор Осимен од Наполи и Маркус Рашфорд од Манчстер јунајтед имаат по 18.

Од оваа петорка, само Рашфорд играше на СП. Кај него е интересна ситуацијата дека сезонава има дадено околу двојно повеќе голови после СП отколку пред Мундијалот.

Најдрастичен таков пример е Мароканецот Ен Несири од Севилја. Тој пред СП имаше дадено само два гола, а сега е на 18, и со 16 погодоци во 2023 година го дели шестото место со Килијан Мбапе од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести