Одреден е стадионот на којшто ќе се игра финалето на Мундијалот (фото)

Финалето на претстојното Светско првенство во Катар ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Доха, каде што двата финалисти ќе ја имаат честа пред 80.000 гледачи да се борат за најпосакуваниот трофеј, кој моментално е во посед на Франција.

На Мундијалот во Катар ќе учествуваат 64 репрезентации од ноември до средината на декември годинава, а во меѓувреме почетокот на првенството се помести за ден поназад. Наместо на 21, ќе стартува на 20 ноември со цел домаќинот Катар да го отвори Мундијалот против Еквадор.

- Оглас -

Најнови вести