Одредени се групите за финалниот АТП-турнир

Најдобрите осуммина тенисери за 2019 година ги дознаа противниците за финалниот АТП-турнир, кој се игра во Лондон, а стартува од следниот понеделник. Новокрунисаниот прв светски рекет Рафаел Надал е во групата „Андре Агаси“ и ќе ги одмери силите со актуелниот бранител на трофејот Александер Зверев, како и другите млади ѕвезди Стефанос Циципас и Димитриј Медведев.

Шпанецот иако е повреден, моментално е под третман и ќе мора да стегне заби за да дојде до нов успех, но не се отфрла можноста дека може и да се откаже во текот на шампионатот. Во случај тоа да се случи пред стартот на турнирот, на местото од Надал ќе игра Роберто Баутиста-Агут.

Во групата „Бјорн Борг“ ќе се соочат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Доминик Тим и Матео Беретини. Ќе гледаме епски дуел меѓу Србинот и Швајцарецот, додека има шанси да се повтори минатогодишното финале, во кое Зверев славеше против Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести