Одриозола стигна во Фиренца, сега е слободен дресот на Реал Мадрид со бројот 19

Десниот бек на Реал Мадрид, Алваро Одриозола, пристигна во Фиренца, на финализирање на неговата позајмица во Фиорентина. Одриозола беше трета опција кај Карло Анчелоти на позицијата десен бек после Даниел Карвахал и Лукас Васкес, па брзиот баскиец во потрага по минутажа, замина кај Виолетовите и ќе биде дел од Серија А, со можност да се врати во Реал во иднина.

„Здраво на сите. Задоволен сум што дојдов тука, напред Фиорентина! Ќе се видиме наскоро“ – рече 25-годишниот Одриозола кој утре треба да ги мине лекарските тестови и да потпише договор за позајмица до јуни 2022.

- Оглас -

Најнови вести