Официјални состави: Арсенал и Челзи подготвени да закажат англиско финале

За помалку од еден час стартуваат вторите полуфинални дуели меѓу Валенсија и Арсенал, односно Челзи и Ајнтрахт Франкфурт, по кои ќе се знаат финалистите кои на 29 мај во Баку ќе се борат за вториот престижен европски пехар.

Ливерпул и Тотенхем закажаа англиско финале во ЛШ, а и во второто по квалитет контитнентално натпреварување може да се случи две англиски екипи да се пласираат во финалето. Арсенал е речиси таму бидејќи по првата средба со Лилјаците, има резултат од 3-1, а вечерва гостуваат на „Месталја“.

Челзи, пак, во Франкфурт против Ајнтрахт изнуди 1-1, па сега на „Стемфорд бриџ“ ја има предноста, но и фаворитската улога да заигра во финалето од Лигата на Европа за првпат по сезоната 2012/13, кога беше шампио во ова натпреварување.

Официјални состави:

Валенсија – Арсенал, стадион „Месталја“ – 21 часот

Валенсија (4-4-2): Нето, Пикини, Габриел, Гарај, Гаја, Кокелан, Парехо, Вас, Гуедес, Родриго, Гамеиро.

Арсенал(5-2-1-2): Лено, Мајтланд-Најлс, Папастатопулос, Кошќелни, Колашинац, Монреал, Џака, Тореира, Озил, Лаказет, Обамејанг.

Челзи – Ајнтрахт Франкфурт, стадион „Стемфорд бриџ“ – 21 часот

Челзи(4-3-3): Кепа, Аспиликуета, Кристенсен, Давид Луис, Емерсон, Жоржињо, Ковачиќ, Лофтус-Чик, Вилијан, Азар, Жиру.

Ајнтрахт(4-2-3-1): Трап, Да Коста, Абрахам, Хинтерегер, Фалете, Роде, Хасебе, Гациновиќ, Костиќ, Ребиќ, Јовиќ.

- Оглас -

Најнови вести