Бразилската фудбалска конфедерација објави продолжување на договорот за селекторот Карло Анчелоти.
Новиот договор на италијанскиот тренер со Селесао важи до 2030 година. Селекторот ќе остане на својата функција до крајот на Светското првенство во 2030 година.
„Пред една година пристигнав во Бразил. Од првата минута разбрав што значи фудбалот за оваа земја. Една година работевме на враќање на бразилската репрезентација на врвот. Но, сакаме повеќе. Повеќе победи, повеќе време, повеќе работа. Со големо задоволство објавуваме дека ќе работиме заедно уште четири години. Ајде да одиме заедно до Светското првенство во 2030 година. Сакам да им се заблагодарам на федерацијата за нивната доверба. Ви благодарам, Бразил, за топлото добредојде и целата љубов“, рече Анчелоти.
Анчелоти е селектор на бразилската репрезентација од лани. Под негово водство, репрезентацијата одигра десет натпревари: пет победи, два нерешени резултати и три порази.

