Официјално: Бензема му рече збогум на Реал Мадрид!

Карим Бензема на крајот од сезонава ќе си оди од Реал Мадрид. Францускиот голгетер цели 14 години помина во Кралскиот клуб, а сега реши дека е време да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

Бензема во дресот на Реал Мадрид одигра 647 натпревари во кои постигна 353 голови, а освои дури 24 трофеи во шест различни натпреварувања. Тука се рекордните пет титули во Лигата на шампиони, како и четирите титули во првенството.

Според најавите, Бензема од следната сезона ќе игра во Саудиска Арабија, во тимот на Ал-Итихад, кој му понудил 400 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести