Официјално: Чави е нов тренер на Барселона!

Чави Ернандес го напушта Ал-Сад и ќе стане тренер на Барселона. Оваа вест и официјално ја потврди катарскиот клуб, кој од Барса ќе добие отштета од 5 милиони евра.

Чави, кој има 41 година, е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Барселона, а договорот како тренер на клубот му е до крајот на сезонава и наредните две. Тој за Каталонците играше од 1998 до 2015 година, а пред две години почна тренерска кариера.

- Оглас -

Најнови вести