Официјално: ФИФА дозволи да има по пет измени

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, официјално дозволи во наредниот период една екипа да смее да направи максимум 5 измени во текот на еден натпревар. Решението ќе биде во сила не само за доигрувањето на првенствата сезонава, туку и понатаму, можно е дури да важи и за Светското првенство во Катар на крајот на 2022 година.

Целта на оваа привремена измена на правилото е да се заштитат играчите. Сепак, одлуката на Бордот на ФИФА не е задолжителна, туку секоја федерација може сама да си одлучи дали ќе го примени.

Во Шпанија веќе се изјаснија дека го прифаќаат правилото, а се очекува тоа да се случи и во Англија. Како што беше познато од порано, нема да може да има пет прекини на играта за да се направат измените, туку измени може да се направат трипати, на пример двајца играчи да бидат сменети на полувреме, двајца во средината на второто полуреме и еден во финишот.

- Оглас -

Најнови вести