Официјално: Ќе го срушат еден од фудбалските храмови во Европа

Стадионот кој со децении е дом на италијанските гиганти Интер и Милан, ќе замине во историјата. Познат како „Сан Сиро“ кога игра Милан, односно „Џузепе Меаца“ кога домаќин е Интер, стадионот кој има капацитет од 80.000 гледачи ќе биде срушен.

На местото на легендарниот стадион, ќе биде изграден нов стадион кој повторно че биде заеднички дом на Милан и Интер, а ќе има капацитет од 60.000 гледачи. Се очекува новиот стадион да биде готов до почетокот на сезоната 2022/23. Оваа вест ја потврдија челниците на двата италијански клуба.

Милан игра на „Сан Сиро“ уште од 1926 година, што значи дека малку ќе недостасува да прослави 100-годишнина од својот дом. Интер како свој дом овој стадион го има од 1945 година. На овој стадион се имаат одиграно многу легендарни мечеви, а бил домаќин и на репрезентацијата на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести