Официјално: Реал го комплетираше трансферот на францускиот мега-талент

Реал Мадрид го официјализираше трансферот на Едуардо Камавинга од Рем за сума од 40 милиони евра, од кои 9 милиони евра ќе се исплатат во одредени бонуси. Суперталентираниот француски играч за врска потпиша договор со Кралевите до јуни 2027 година.

Иако мадридистите очекуваа Килијан Мбапе да биде големиот трансфер на клубот во последниот ден од преодниот рок, може да бидат задоволни и со доаѓањето на 18-годишниот Камавинга, од кого се очекува да прерасне во голема ѕвезда и да биде еден од носителите на Франција во иднина.

Во конкуренција за неговиот потпис наводно беа ПСЖ и Манчестер јунајтед, но Кралевите беа поконкретни во намерите да го ангажираат, а иако се шпекулираше дека Камавинга можеби ќе остане на позајмица во тековната сезона, Карло Анчелоти му вети дека ќе добие минутажа во првиот тим уште веднаш.

https://twitter.com/realmadrid/status/1432742979534524419

- Оглас -

Најнови вести