Официјално: Тијаго Мота е нов тренер на Болоња

Тијаго Мота е нов тренер на Болоња. Овој 40-годишен стручњак, на клупата на Болоња седнува на местото на Синиша Михајловиќ, кој беше сменет минатата недела.

Некогашниот играч на Интер кој е Бразилец со италијански пасош, како прв тренер во Серија А има работено во Џенова и Специја, и има 11 победи на 47 меча. Договорот му е до летото 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести