Официјално: Вардар 1961 ќе игра во ракометната Лига на шампиони! (Видео)

Европската ракометна федерација една вајлд-карта за настап во машката Лига на шампиони му на додели на македонскиот првак Вардар 1961.

По четири години, двократниот европски првак Вардар повторно ќе биде дел од ЛШ.

Следната сезона во ЛШ ќе има 24 тима (шест групи по четири екипи). Од тие што бараа влез во ЛШ, одбиени беа Татабања, Валур и Елверум. Ждрепката за составот на групите е в петок во Виена, а сезоната стартува на 9 и на 10 септември.

Вардарци објавија интересно видео во кое Чупиќ телефонски му порача на „Мечка“ Лазаревски дека одморот е завршен, сите да одат во сала, Вардар ќе игра во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести