Огромен подарок за Реал Мадрид пред стартот на „Ел Класико“

Севилја го почести лидерот Реал Мадрид со два бода што вечерва ги загуби во ремито без голови против Реал Сосиедад во меч од 29. коло во Ла Лига.

Второпласираниот тим во шпанското првенство не успеа да победи и сега јазот со Реал Мадрид кој е на врвот на табелата е 9 бода, а Кралскиот клуб има и меч за одигрување, вечерва во „Ел Класико“ против Барселона од 21 часот.

До крајот на шампионатот во Шпанија има уште девет кола и ако вечерва Реал остане непоразен во вечното шпанско дерби на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има двоцифрена предност пред Севилја.

 

 

- Оглас -

Најнови вести