Охриѓанецот Наумче Здравески е новиот милионер

Дедо Мраз ја реализира желбата на  Наумче Здравески и му ја донесе најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка во Македонија. Најновиот во листата милионери на Државната видеолотарија на РМ освои добивка вредна 1.640.646,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена на 18.12.2018 во Sport Life во Охрид.

Државна Видеолотарија го пречека и најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник за декември. Видно возбуден, во друштво на неговиот брат, Наумче Здравески од Охрид пристигна да го подигне добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.640.646,00 денари. Ги освоил на 18.12.201, забавувајќи се на видеолотариските терминали во Sport Life во Охрид.

Скромен, но и расположен заради убавата добивка, со нас ја сподели својата среќна приказна. Пред Нова Година со добивката во раце се менуваат и желбите и очекувањата од 2019 година. Ни откри дека претходно немал никакви очекувања, дури не верувал дека токму него и токму во местото каде што ја освои добивката ќе се случи тоа.

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вистински го изненадила, посебно затоа што неколку минути пред да го слушне добитниот среќен звук, заедно со останатите играчи коментирале дека не постојат шанси добивката да се случи токму на ова место. Но, изненадувањето со добитниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.640.646,00 денари се реализирало неочекувано. Освоените 1.640.646,00 денари од МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ не брза да ги потроши веднаш. Најверојатно дел од нив ќе потроши за да си овозможи убаво новогодишно патување.

Државна Видеолотарија на РМ Џек Пот добивките ги стартуваше на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 169 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 251.845.460,00 денари. Покрај нив, освоени се и 27.446 Мини Џек Пот добивки во вкупен износ од 168.103.329,00 денари. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

- Оглас -

Најнови вести