Охриѓани добија нови кошеви, но денеска со Кожув ќе играат на старите

Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се поднови со висечки кошеви. Новите кошеви чинат околу 700.000 денари.

Досега се користеа класични, со подвижна подлога како во другите сали, но тие биле многу тешки и го оштетувале паркетот кој беше реновиран летоска. Изработката и монтажата беа во рацете на скопска фирма која го добила тендерот, па во наредниот период ќе се користат новите висечки кошеви.

Сепак, досегашните кошеви ќе останат во „Билјанини извори“ бидејќи такви кошеви се еден од условите за одигрување на меѓународни кошаркарски натпревари. Клубот АВ Охрид тренира на новите кошеви, но денешниот меч со Кожув во 13-тото коло од Првата машка лига ќе го одигра на старите кошеви.

- Оглас -

Најнови вести