„Олд Трафорд“ е подготвен за камбек на публиката, капацитетот е солиден

Манчестер јунајтед го преуреди „Олд Трафорд“ според здравствените протоколи и е подготвен да гарантира безбедно враќање на публиката на легендарниот стадион.

И капацитетот, според новите протоколи за ковид-19, ќе биде многу солиден во ерата на пандемијата и на трибините ќе може да има малку повеќе од 23 илјади гледачи.

Вкупниот капацитет во домот на Црвените ѓаволи е 76 илјади места, а сè е подготвено за камбек на гледачите, само се чека дозвола од британската влада.

Моментно проектот е во мирување поради зголемен број на заразени од ковид-19 во Велика Британија, но во Манчестер јунајтед се надеваат дека од идниот месец ќе ја имаат поддршката од навивачите на домашните натпревари во Премиер лигата и во дуелите од Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести